Работнички се раздели и со Кадриу

Работнички за време на зимската пауза се раздели и со искусниот офанзивец Флоријан Кадриу.

Како што информираат од таборот на „романтичарите“, донесена е заедничка одлука за крај на соработката по една година откако Кадриу пристигна во Дебар маало.

Од Работнички најавуваат дека наскоро ќе има и нови засилувања, иако е јасно дека финансиските проблеми продолжуваат во клубот кого го очекува тешка битка за опстанок.

Се вчитува...