Работнички се раздели со Имери и со Асани

По крајот на разочарувачката полусезона, Работнички се одлучи за разделба со дел од фудбалерите за вториот дел од сезоната.

„Романтичарите“ и официјално објавија дека е завршена соработката со двајца фудбалери, Демир Имери и Џелил Асани.

30-годишниот Имери е офанзивен фудбалер од средниот ред, а Џелил Асани, пак, централен дефанзивец. И двајцата во Работнички на почетокот од сезоната дојдоа од редовите на Шкупи.

Се вчитува...