Работнички се врати „од мртвите“, но остана без сили за сензација во Куманово

Куманово им се врати на победите во Суперлигата откако во 11. коло славеше над Работнички со 82-77 за крај на календарската 2025 година.

Во изедначениот натпревар во која двата тима играа во серии ниту еден тим не успеа да го наметне своето темпо до полувремето. Првата четвртина заврши со резултат 19-17, додека на полувремето резултатот гласеше 42-37.

Куманово беше оној кој ја превзема иницијативната, го наметна темпото на отварањето на второто полувреме во кое со две серии стигна до првата двоцифрена предност (51-39), а подоцна и до највисоките +16 (59-43).

Домаќините имаа предност од 13 поени на нешто повеќе од пет минути до крајот на средбата, но наместо да приредат мирен финиш на средбата, следеше гостинска доминација и серија на „црвено-белите“ од 12-3 со која негативата се сведе на само еден поен (76-75) на 18 секунди пред крајот.

Сепак Работнички немаше сили за комплетирање на сензационалниот камбек па пресуди мирната рака на кумановци од линијата за слободни фрлања со кои беше забележана седмата победа во сезоната.

Се вчитува...