Работнички се заканува со кривични пријави и бара суспензии за клубовите – неплаќачи

Управата на КК Работнички остро реагира на одлуката на МКФ за одбивање на регистрација на Американецот Ксавиер Џонсон, кој и покрај потпишаниот договор нема да може да настапува за „центарци“ сезонава. Од таборот на актуелниот првак најавуваат дека ќе поднесат жалба на ваквата одлука на Арбитражната комисија, но и се закануваат со кривични пријави против челниците на МКФ доколку не ги суспендираат клубовите должници.

Соопштението на КК Работнички го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Ве информираме дека КК Работнички ќе поднесе жалба до МКФ и арбитражната комисија за одбивањето за регистрација за играчот Ксавиер Џонсон.

КК Работнички истакнува дека ги запази сите рокови и ги достави сите потребни документи за регистрација на странски играч, вклучително и лекарското уверение кое не е постаро од 6 месеци, а беше наведено како причина за одбивањето на регистрацијата од страна на МКФ. Со оваа одлука МКФ директно му прави штета на КК Работнички пред претстојниот куп, но и во останатиот дел на првенството.

Воедно, информираме дека КК Работнички поднесе “БАРАЊЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ” согласно правилникот на МКФ да ги суспендира сите клубови кои не ги исплатиле своите обврски према федерацијата. Според нашите информациите на МКФ речиси сите клубови му должат огромни суми, а согласно правилникот комесарот на МКФ треба да ги суспендира се додека не ги подмират обврските.

Доколку МКФ не постапи по барањето, КК Работнички ќе поднесе соодветни КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ за злоупотреба на службена положба за раководните лица во МКФ кои ќе постапат спротивно на правилникот.

Скопје,11.04.2019
Генерален извршен директор
Ненад Павлоски

Се вчитува...