Дваесетгодишниот Камерунец, Нгу Абега Енјанг и официјално е нов фудбалер на македонскиот прволигаш Работнички откако клубот од Дебар Маало го промовираше за социјалните мрежи.
Тој ја покрива напаѓачката позиција и во македонското првенство пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со естонскиот Паиде. Претходно Енјанг настапуваше и за Дестини во татковината и Турон во Узбекистан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА