Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Бојан Иванов, 27-годишниот фудбалер за врска кој доаѓа од редовите на Слога Виница. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.
Бојан Иванов е играч од средниот ред и се очекува да ја зголеми конкуренцијата во составот на Љупчо Марковски. Тој од стартот на подготовките се приклучи на тимот, а сега и официјално потпиша на 2 години.
Иванов во досегашната кариера настапувал за Македонија ЃП, Борец Велес, Академија Пандев, Овче Поле, Плачковица, Саса, Брегалница и за Слога Виница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

