Работнички продолжува со засилувањата за новата сезона. Последен кој го засили нашиот најтрофеен кошаркарски клуб е американскиот интернационалец Ерик Нотиџ.
Дваесетиседумгодишниот бек во македонското првенство доаѓа од редовите женевскиот клуб Лајонс за кој одиграл 20 натпревари во просек бележејќи 10.9 поени, 6.1 скок и 4.6 асистнеции. Тоа е првиoт од тритте клубови чиј дрес го носел во сезоната 2021/22.
Истата ја започнал во францускиот второлигаш Антиб каде на три одиграни меча забележал просек од 10.3 поени, 4.3 скока и 4.0 асистенции, а настапувал и во романското првенство за Динамо Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

