Екипата на Работнички продолжува да ги засилува своите редови со цел да избори опстанок во Првата лига. Најнова аквизиција за тимот од Дебар Маало е Чарлс Аколатсе, играч од средниот ред кој има 30 години, и играше во кратовски Силекс во 2019 година.
Аколатсе е интернационалец од Того кој во својата кариера играше и за неколку романски тимови пред и после Силекс.
Тој има и два настапи за репрезентацијата на Того во 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

