Работнички се засили во Јован Попзлатанов

Во обидот да се спаси од најлошото, од испаѓање во ПМФЛ, Работнички го засилува својот ростер. Последен нов играч во низата е искусниот Јован Попзлатанов, кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП.

29-годишниот крилен играч во минатото беше дел од Пелистер, Тетекс, Вардар, РФС Рига, а во 2023 година од Вардар се пресели во Македонија ЃП каде настапуваше до денеска. Тој има настапи и за малдинската селекција на Македонија.

Претходно Работнички се засили со Мартин Талаков, Егзон Белица, Ардит Дестани, Никола Пејовиќ, Сухељ Мухареми, Зија Мерџани, а доби и нов шеф на стручниот штаб во името на Муарем Муарем.

Се вчитува...