Работнички за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига се засилува со Грузиецот Лука Робакидзе, дознава ЕКИПА.
24-годишниот Робакидзе, кој е дефанзивен играч за врска, изминатава сезона настапуваше за штипска Брегалница, од каде сега би се преселил меѓу „романтичарите“ по испѓањето на штипјани во Втората лига.
Претходно во својата кариера Робакидзе настапувал за грузијска Самтредиа, но и за чешки Силон Таборско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА