Работнички се засилува со јамајкански фудбалер

Македонскиот фудбалски прволигаш, Работнички денеска го очекува својот прв натпревар сезонава во ПМФЛ против екипата на Силекс на домашен терен.

Иако шампионатот ќе почне денеска, Работнички нема да застане со доведување на нови играчи како би го подобрил ростерот со кој има големи амбиции сезонава. Нов фудбалер на тимот од Дебар маало ќе биде Јамајканецот, Ревалдо Мичел.

Ревалдо во Работнички доаѓа од редовите на Вотерхаус, а во кариерата има играно и за Арнет Гарденс, Молинес и Портимор.

Се вчитува...