Работнички – Шкупи во Купот, утре на тренинг центарот на ФФМ

Одложениот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкупи кој денеска требаше да се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе се игра утре (9. ноември) со почеток од 13 часот на стадионот „Петар Милошевски“ на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија.

Натпреварот денеска беше одложен поради поплавениот терен на стадионот „Борис Трајковски“ по повеќечасовните врнежи во главниот град на Македонија.

Се вчитува...