По победата против АВ Охрид пред два дена, Работнички сосема очекувано лесно излезе на крај и со Карпош Соколи славејќи со 96-59 во 21. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
За Работнички останува уште дуелот против Струмица за да ја заокружи првата фаза од шампионатот со максимални 22 победи.
Само на почетокот „соколите“ парираа на фаворитот, по првата четвртина одржувајќи некаква рамнотежа, за да потоа се си дојде на своето место.
Кирил Николовски мечот го заврши со 24 поени, дополнето и со 7 скока и три асистенции, додека Гинјард постигна 22 поени. 15 поени постигна Робинсон а со 12 постигнати поени мечот го заврши Бојан Крстевски. Кај противникот Спенс беше најефикасен со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА