Кошаркарскиот шампион на Македонија, Работнички, рутински дојде до втората сеознска победа во домашното првенство. Тимот на Марин Докузовски во вториот натпреварувачки круг, на домашен терен, лесно се справи со Пелистер и забележа убедлива победа од 95-56.
Доминацијата на Работнички во пресметката со битолскиот состав ја најави уште воведната четвртина која на првакот му припадна со 34-11. Пелистер единствено беше подобар во вториот сегмент кој му припадна со 23-18, но тоа беше далеку од доволно за да му парира на сигурниот домаќин.
Гостинската екипа имаше исклучително црн период во завршната четвртина во која за речиси седум минути постигна само два поена. Затоа на крајот, победата на Работнички беше изразена со огромни 39 поени разлика.
Марјан Јаневски со 22 поени и Кирил Николовски со 17 поени беа предводници на Работнички. Габриел Билер запиша 19 поени кај Пелистер, втор стрелец беше Тајрон Харис со 13. За Пелистер ова е втор неуспех во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА