Работнички Скопје, нов одбојкарски првак кај дамите

Одбојкарките на Работнички Скопје се нови шампионки на Македонија, откако во мајсторката од финалната серија во плејофот славеа против Работнички Жени со 3-0 во сетови. Со тоа овој тим ги обедини круните во домашната женска одбојка, со оглед дека славеше и во Купот на Македонија.

Клучен момент на овој меч беше повредата на техничарката на Работнички Жени, Марија Живковиќ, која не можеше да продолжи уште во првиот сет, по што составот на Горан Славков не можеше да одржува неизвесност. Првиот сет Работнички Скопје го доби со 25-20, а потоа и уште полесно го заокружи триумфот.

Тимот на Работнички Жени имаше стартни 1-0 во финалната серија, оствари и втора победа, но ниту тоа не беше доволно за да го освои шампионскиот трофеј. Одбојкарките на тренерот Глигор Христов остварија три последовни победи и стигнаа до пехарот.

Се вчитува...