Кошаркарите на Работнички славеше над МКК Куманово на домашен терен со 80-72 во последниот натпревар од 20. коло во Првата лига на Македонија.
Домашните кошаркари уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе по десет минути игра имаа предност од 24-15, а до крајот на првото полувреме веќе имаа двоцифрена предност од 48-37.
Во вториот дел тимот од Скопје само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 80-72. Koри Маниголт со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Александар Радукиќ постигна 27 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА