Работнички со фуриозен финиш до триумф над Тиквеш

Работнички покажа знаци на живот и желба за надминување на кризата откако „центарци“ вечерва по голема борба успеаја да слават над Тиквеш со резултат 82-77. Грчот во играта на најтрофејниот македонски клуб беше очигледен, но избраниците на Самарџиев сепак покажаа карактер кога беше најважно, направија пресврт во самиот финиш и стигнаа до посакуваниот резултат.

Натпреварот мина во израмнета борба во која екипите се менуваа во водство. Тиквеш успеа да се одлепи пред крајот на мечот, откако кавадарчани на 112 секунди до финишот поведоа со 73-77. Шошкиќ реализираше во клучен момент по што нападот на Работнички се врати во ритам, потоа Виктор Ефремовски погоди важна тројка при 70-70, за по промашениот обид на гостите, Стојан Ѓуроски од линијата за слободни фрлања да стави печат на победата на Работнички.

Ѓуроски и Ефремовски со по 16 поени беа најефикасни во победничкиот тим, каде дебитантот Маниголт во првиот меч за „центарци“ реализираше 13 поени. Најдобри поединци во таборот на Тиквеш беа Хил со 19 и Глигоријевиќ со 16 поени.

Се вчитува...