Работнички со „фуриозна“ последна четвртина го „урна“ Тиквеш за четвртфинале во Купот на Македонија

Koшаркарите на Работнички се пласираа на завршниот турнир во Купот на Македонија „Благој Георгиевски Буштур“ откако вечерва во осминафиналниот меч славеа на домашен терен против Тиквеш со 92-73.

Двете екипи одиграа израмнет натпревар се до последната четвртина во која тимот од „Градски парк“ одигра фуриозно и му дозволи на противникот само десет поени за конечен триумф од 92-73.

Алстон и Рикиќ кај победничкиот состав постигнаа по 20 поени, кај гостите Андерсон запиша 22 поени.

Во четвртфиналето Работнички за противник во вечното дерби на македонската кошарка ќе го има најголемиот ривал МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...