Екипата на Работнички продолжува со креирањето на ростерот за наредната натпреварувачка сезона, откако „центарци“ денеска официјализираа уште еден трансфер, петти за тимот што ќе биде предводен од новиот тренер Владимир Мирковски.
Центарската позиција е пополнета со Џејкоб Хатсон, млад кошаркар висок 211 сантиметри кој дефинитивно ќе сака да остави печат во својата прва сезонна надвор од САД. Тој доаѓа во Македонија директно од НЦАА-лигата каде ги бранеше боите на Универзитетот Северна Ајова и имаше просек од 11,7 поени и 4,4 скокови по натпревар.
Тој е трет Американец што потпишува за Работнички летово, покрај Томпсон и Онил, а нови членови на „центарци“ ќе се и домашните играчи Филип Наков и Борјан Стојановски.
Од ланскиот ростер, во тимот и за новата сезона ќе останат македонските кошаркари Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски и Дамјан Робев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

