Работнички со одлична последна четвртина до триумф во Гевгелија

Кошаркарите на Работнички се вратија од „мртвите“ и благодарение на одличната последна четвртина, стигнаа до триумф на гостувањето во Гевгелија кај Кожув.

Во текот на целиот меч, домашните кошаркари имаа предност, во еден миг и +16 поени разлика, меѓутоа гостите успеаја да се вратат, да направат пресврт и да слават победа.

Клучен момент беше почетокот на последниот период, кога во неколку наврати Работнички направи серија на поени. Така од 72-66 за домашните, се стигна до 72-73, а потоа од 73-73, на 73-80. Кожув во еден миг стигна и до +1 поен (81-82), но потоа скопската екипа даде уште четири поени и стигна до конечната победа.

Залудни беа 25-те поени на Декариус кај Кожув, додека кај Работнички Томпсон со 23 и Ефремовски со 20 беа најефикасни.

Се вчитува...