Екипата на Работнички со пораз го започна меѓународниот турнир во Бoтевград, Бугарија. Српскиот прволигаш Динамик беше подобар од македонскиот претставник со 91-90.
Тимот на Докузовски не успеа да ја задржи предноста која ја градеше цели три четвртини, па по предност од 75-67 во последните 10 минути, Работнички потфрли и му дозволи на противникот да обезбеди пласман во финалето од турнирот, со само половина кош предност.
Најефикасен меѓу кошаркарите на тимот од „Градски парк“ беше Чавдар Костов со 26 поени, додека Маркус Гинјард забележа 22 поени. Утре Работнички ќе се бори за третото место со подобриот од дуелот Балкан Ботевград – Академик Бултекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА