Работнички е пред елиминација уште во стартното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, откако доживеа убедлив пораз од 3-0 на гостинскиот натпревар против белорускиот Торпедо Балаз кој се играше на неутрален терен во Халадаш, Унгарија.
Премногу рано Торпедо дојде до предност на дуелот. Белорусите до водството дојдоа со голот Седко, по одлично изведениот корнер, уште во 12. минута од натпреварот.
Во второто полувреме ја зголеми предноста на 2-0 со голот на Побудеј во 64. минута.
До третиот погодок за убедлива победа Белорусите дојдоа во 93. минута преку Алфред.

„Романтичарите“, без сомнение, ќе имаат повеќе од тешка задача на реваншот да ја анулираат предноста од два гола на Белорусите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

