Работнички цврсто на лидерската позиција, Силекс го „здроби“ шампионот во Струга, нов пораз за Вардар (ВИДЕО)

Работнички цврсто ја чува лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига откако триумфираше во дербито од 10. коло против Гостивар, а притоа искористувајќи го ремито на Шкендија на гостувањето против Тиквеш. Силекс со убедливи 1-4 славеше на гостувањето против шампионот Струга ТЛ, а нов пораз забележа Вардар кој не можеше и пртив Беса.

„Романтичарите“ триумфираа против Гостивар со 1-0 во дербито на колото на арената „Тодор Проески“ со голот во 15. минута на Адхе Мазари.

Голема грешка на одбраната на Гостивар, подарувајќи топка до Мазари, кој со одличен шут од 16 метри прецизно шутираше за водство од 1-0.

Силекс целосно го демолираше шампионот Струга ТЛ на гостувањето покрај Охридското езеро победувајќи со убедливи 1-4.

Кратовци сосема заслужено дојдоа до предност во 61.минута од средбата. Одлична акција на гостите по левата страна почната од Додев, како од учебници, а мајсторски заокружена од Алиќ за предност од 0-1.

А, потоа откако Струга израмни со голот на Сава Радиќ во 75. минута, следеа три гола на гостите, и тоа сите од нововлезените играчи кои ја донесоа победата. Најпрво Маронг, а потоа и Игнатов погодија за 1-3.

А, конечните 1-4 ги постави Марко Ѓоргиевски во 90. минута од средбата.

Вардар загуби со 2-1, овој пат на гостувањето против Беса во Гостивар. Срѓан Захариевски се одлучи со серија промени во првиот состав да го почне натпреварот, но ниту тоа не помогна да спречи брза предност на противниците како што беше тоа случај и на претходните натпревари. На голот го немаше и досегашниот стандарден чувар на мрежата, Филип Гачевски.

Беса дојде до предност со убава акција уште во 9. минута која со погодок ја круниса Џемаил Есати…

Многу возбудувања следеа во второто полувреме. Најпрво Вардар израмни на 1-1 во 73. минута по катастрофалната грешка на голманот на домашните Костадин Захов кој му подари топка на Дианеси.

А, по проигрувањето, Азер Омерагиќ прецизно стрелаше од 12 метри за 1-1.

Но, веќе во 78. минута, по корнерот од левата страна, Имран Фетаи од непосредна близина погоди за повторно предност на Беса од 2-1.

АП Брера испушти победа во Струмица против „фенерџијата“ Воска Спорт во последната минута.  Брера поведе во 77. минута со голот на Мартин Ѓоргиевски, но охриѓани дојдоа до бод со голот на Антонио Илиески во 92. минута.

Немаше погодоци на натпреварите во Штип меѓу Тиквеш и Шкендија, како и во Битола каде Пелистер и Шкупи ги поделија бодовите.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО
Штип: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 1-4
Радиќ 75′ – Алиќ 61′, Маронг 83′, Игнатов 85′, Ѓоргиевски 90′
Гостивар: БЕСА – ВАРДАР 2-1
Есати 9′, Фетаи 78′ – Омерагиќ 73′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 1-0
Мазари 15′
Струмица: АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ 1-1
М. Ѓоргиевски 77′ – Илиески 90’+2
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-0

Се вчитува...