Работнички убедлив против Пелистер уште во првото полувреме (ФОТО)

Работнички има убедлива предност од 2-0 уште по првите 45 минути против Пелистер во првиот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Доминацијата на теренот “романтичарите“ ја крунисаа со голот на Марио Станковски во 22. минута за водство од 1-0.

А, на 2-0 во 36. минута зголеми Лука Станковски носејќи го својот тим блиску до трите бода и дуелот со битолчани.

Се вчитува...