Женскиот македонски одбојкарски шампион Работнички со убедлив пораз од романски Волунтари на домашен терен го почна настапот во квалификациите за новото издание на Лигата на шампионите.
Нашите одбојкарки немаа никакви шанси против големиот фаворит кој без проблеми славеше со максимални 0-3, по сетови 25-14, 25-13 и 25-12.
Реваншот меѓу овие две екипи е закажан за точно седум дена во Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА