Кошаркарите на Работнички дојдоа до втората победа во вториот натпревар во новата сезона, откако вечерва го совладаа Пелистер на гостувањето во Битола со 89-92.
Мечот имаше добри периоди и за двата тима, но и драматична завршница во која Работнички „прокоцка“ солидно водство, и дозволи Пелистер да се доближи само на еден поен разлика (89-90) во финишот од средбата.
Првата четвртина им припадна на домашните, кои на првата пауза заминаа со предност од седум разлика, но затоа Работнички успеа да се врати во вториот и третиот период и да влезе во последниот период со солидни 12 поени разлика. Во еден момент имаа и 14 во четвртата четвртина, но ошутеноста можеше скапо да ги чини гостите од Скопје.
Сепак, Пелистер предоцна се врати во мечотза да дојде до првата победа, и на крајот Работнички успеа да го задржи водството и да слави триумф.
Пелистер го имаше расположениот Бернард кој постигна 27 поени, а Рикиќ кај Работнички беше најефикасен со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА