Работнички во „пеколен финиш“ ја реши Блокотехна (86-93)

Кошаркарите на Работнички стигнаа и до 26-та победа во шампионатот на Македонија славејќи на гостувањето против Блокотехна во Гевгелија со 86-93.

Во главно израмнет меч во кој двете екипи постојано се менуваа во водството, лидерот во шампионатот одигра „пеколен финиш“ во последната четвртина која ја доби со 19-27 за конечен триумф.

Работнички до триумфот го предводеше Мираковски со 17 поени, дополнето и со четири асистенции, Гинјард имаше 14 поени а Чековски мечот го заврши со 13 поени.

Во поразениот состав на Блокотехна се издвои Мијатовиќ со 19 поени, 15 поени запиша Двејн, а Казарновски мечот го заврши со 12 постигнати поени.

По овој триумф Работнички дополнително се зацврсти на првата позиција со 26 победи и само еден пораз, додека Блокотехна остана на второто место со 20 победи и 7 порази, колку што има и третопласирниот МЗТ Скопје.

Се вчитува...