Работнички за првпат сезонава врза две победи

Работнички за првпат оваа сезона успеа да врзе две победи во ПМФЛ, откако во „дербито на дното“ го совлада „фенерџијата“ Шкупи со 2-0.

Охрабрени по големата победа во Струмица над Брера минатата рунда, „романтичарите“ попладнево одиграа уште еден квалитетен меч, ги диктираа темпото и резултатот и заслужено се радуваа на трите бода.

Шкупи одолеваше на нападите на домашниот тим до 37. минута, кога Манојлов стрелаше прецизно и го доведе својот тим во водство. Победата беше запечатена со два брзи гола во периодот од 77. до 80. минута преку Муарем и Ангелов, со што Работнички го осигура четвртиот овосезонски триумф.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...