Работнички загуби на пенали во мечот за 3. место на „Медулин куп 2025“

Фудбалерите на Работнички загубија по изведувањето на пеналите во натпреварот за 3. место на интернационалниот турнир „Медулин Куп“ во Хрватска.

Во битката за третото место на турнирот „романтичарите“ загубија со 4-5 по пеналите од екипата на Бокељ, откако во регуларниот дел мечот заврши без голови.

Со тоа, Работнички ги заврши своите подготовки во Медулин. Претходно македонскиот тим загуби од Прва Искра (1-2), ремизираше (2-2) со американскиот Краун Легаси, и славеше против Младост ДГ со 2-1.

„Генералката“ пред стартот на вториот дел од сезоната за Работнички ќе биде престојниов викенд против второлигашот Кожуф.

Се вчитува...