Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички загуби на првата контрола на подготовките во хрватски Медулин.
Подобар од нашиот тим беше српскиот третолигаш Искра кој славеше со 1-2.
Србите со голот на Јовковиќ во 37. минута поведоа со 1-0, а во 65. нашиот тим стигна до израмнување со автогол на Радојчиќ. Само четири минути подоцна одбраната на Работнички капитулира и вторпат за конечните 1-2.
Пријателски денеска одигра и Македонија ЃП која беше подобра од Победа со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА