Лидерот во ракометната Супер-лига, екипата на Работник се засили со уште еден нов ракометар во пресрет на стартот на групната фаза од ЕХФ-купот и премиерниот меч во Германија против Хановер.
Од вечерва нов член на битолскиот клуб е босанскиот интернационалец, Невен Стјепановиќ, кој го стави својот потпис на договорот со македонскиот суперлигаш, по што му се стави на располагање на тренерот Чирковиќ. Станува збор за играч висок 199 сантиметри кој настапува на позицијата десен бек и зад себе има настапи за екипите на Локомотива Брчко, Железничар Ниш, Војводина, Спортинг и Духаил во Катар.
Неговото деби во новата средина се очекува в сабота кога Еурофарм Работник гостува кај бундеслигашот Хановер во рамките на првото коло од група Б на ЕХФ Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА