Работник го чува тимот – нови договори за осум ракометари

Работик по ангажманот на неколку квалитетни засилувања се сврте кон задржување на ракометарите од ланската сезона, кои дадоа значаен придонес во изборувањето на второто место на табелата и учество во СЕХА-лигата во следнатасезона.

Битолските „фармацевти“ денеска се пофалија со потписи на нови договори со осум ракометари, од кои четворица ја продолжија соработката на дополнителни две години, а четворица на уште една сезона.

„Ракометниот клуб Еурофарм Работник ги продолжи договорите со неколку ракометари кои ги смета за составен дел од новиот проект. Договор на две години потпишаа Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Градимир Чаневски и Мирко Радовиќ. Верноста кон вицешампионот на дополнителна една година ја потврдија Милорад Кукоски, Стефан Талески, Михајло Петровски и Благојче Трајковски“ – објавија од раководството на македонскиот вицепрвак.

Во текот на летово битолскиот клуб го засилија Ратајац, Јотиќ, Велковски, Бојан Маџовски, Вегар и Митревски.

Тренерот Алушовски и стручниот штаб првиот тренинг пред сезоната 2019/20 го закажаа за в понеделник 22 јули.

Се вчитува...