Стевче Алушовски од вечерва повеќе не е тренер на Работник откако битолскиот клуб реши да ја прекине соработката со поранешниот македонски репрезентативец.
Причина за разделбата се слабите резултати во изминатиот период, откако на серијата слаби изданија во ЛШ се надобрза и поразот во СЕХА-лигата од Металопластика.
„Почитувани љубители на ракометот, Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката. Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси“ – се вели во соопштението на македонскиот вицепрвак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА