Работник го збриша и Охрид

Работник ја продолжи доминацијата во ракометната Супер-лига откако во рамките од осмото коло ја забележа осмата победа, овојпат над Охрид со убедливи 31-21. Охриѓани влегоа во мечот како второпласирана екипа на табелата, но немаа никакви шанси да го изненадат фаворитот, кој имаше успешна „генералка“ пред претстојниот предизвик во ЕХФ-купот.

Битолчани го отворија мечот со рано водство од 3-0, но гостинскиот состав успеа да се врати, израмни на 10-10, потоа и на 12-12. Со голот на Ѓукиќ домашниот тим замина на одмор со предност од 15-13, а охриѓани последниот отпор го дадоа израмнувајќи на 16-16. Следеше серија од седум гола на битолскиот тим со која победникот беше решен, па Работник со рутинска игра во финишот стигна и до двоцифрена победа.

Милан Ѓукиќ беше незапирлив за гостинските ракометари постигнувајќи 11 погодоци, Никола Марковски беше стрелец на шест, додека најдобар стрелец на Охрид беше Георгиевски со пет гола.

Се вчитува...