Екипата на Работник продолжува со победи во ракометниот плејоф и попладнево во спортската сала „Младост“ славеше против Борец од Велес со 29-23 (15-9) во рамките на осмото коло од шампионатот. Со оваа победа екипата на Андон Бошковски си ги зголеми шансите за третото место за кое се бори заедно со Охрид.
„Фармацевтите“ по изедначениот почеток направија серија од 3-0 и поведоа со 10-6. Од минута во минута таа залиха се зголемуваше, за да достигне +6 на крајот од првиот дел. Продолжението беше само формалност, па победата никогаш не беше доведена во прашање, напротив, можеше да биде уште поубедлива.
Најефикасни во победата на Работник беше Чурлевски со 7 и Барош кој постигна 4 гола, а кај Борец најмногу се истакна Димитриевски со осум гола.
Еурофарм е на четвртото место во Суперлигата со 12 бода, а во наредното коло в сабота се соочува со градскиот ривал Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА