Ракометарите на Работник прокнижија нови бодови во плејофот откако денеска на домашен терен лесно триумфираа над Пролет со убедливи 31-19. Битолскиот клуб рутински ја оправда фаворитската улога, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање.
Мечот беше израмнет само до 3-3, за потоа домашните ракометари со три гола во серија да ја остварат првата поголема предност што потоа ја зглемуваа до самиот крај. На одмор се замина со водство на битолчани од 13-9, за потоа во раната фаза од првото полувреме тимот на Алушовски експресно да поведе со девет гола (19-10) и на крајот заслужено да стигнат до бодовите.
Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, Ѓукиќ постигна шест погодоци, додека кај Пролет најдобри стрелци беа Манасков со шест, пред Џонов и Василевски со по четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА