Ракометарите на Работник лесно ја оправдаа фаворитската улога на суперлигашниот дуел против Радовиш, на кој битолскиот клуб славеше со убедливи 36-25. Раното водство од 7-3 беше најава дека гостите немаат што да бараат на овој натпревар, позитивата во корист на домашниот состав растеше како што одминуваше времето, па „работниците“ на крајот славеа со убедливи 11 погодоци разлика.
Златко Мојсоски беше главна фигура на овој натпревар со дест гола, Мајнов постигна шест, а Адли пет погодоци за победничкиот тим. Најдобар стрелец на Радовиш при денешниот пораз беше Борче Соколов со седум постигнати гола.
Охрид останува рамо до рамо со Пелистер на врвот на табелата откако „галебите“ вечерва славеа на гостувањето против Прилеп со 27-33, меч што го добија со извонредното прво полувреме во кое стигнаа до предност од 12-18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА