Ракометарите на Еурофарм Работник од Битола славеа на гостувањето против Охрид со 21-26 (12-15) во дерби натпреварот од 4. коло во машката ракометна Супер лига.
Фаворизираните гости иако постојано беа во водство во текот на мечот, сепак до последните минути стравуваа за бодовите освојувајќи ги во жестока битка и континуирана неизвесност.
И покрај предноста од првиот дел, во второто полувреме охриѓани во неколку наврати беа на чекор од израмнување но во клучните моменти не успеаја да ги загрозат гостите, кои на крајот сосема заслужено славеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА