Екипата на Еурофарм Работник од денеска е во Маврово, каде под водство на новиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ битолскиот суперлигаш ќе го одржи првиот дел од подготовките за новата сезона.
Српскиот стратег на располагање ќе ги има речиси сите ракометари, со исклучок на повредените Трајковски и Крстевски, кои ќе го пропуштат овој период на тренинзи. Прва слика за можностите на овој тим ќе може да се види на турнирот во Струга, потоа и на стартот од Супер-лигата, а битолчани не ја кријат желбата и за историски успех во европските купови, со евентуален пласман во групната фаза од ЕХФ-купот.
Во Маврово експедицијата на Еурофарм Работник ќе остане до средината на следната недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА