Кадетскиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните ракометари на Еурофарм Работник, Бобан Каковски ќе остане во клубот до 2021 година. Каковски потпиша нов тригодишен договор и ќе продолжи да се развива во битолскиот суперлигаш.
Обострано беше задоволството за продолжувањето на соработката, а со овој потег клубот покажа дека верува во талентираните млади ракометари. Претходно Еурофарм Работник доведе четири нови ракометари, го ангажираше и новиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ и ги продолжи договорите со некои од клучните ракометари.
Првиот официјален натпревар во подготвителниот период, Еурофарм Работник ќе го одигра в среда во рамките на Струшкиот турнир и ќе се сретне со словенечкиот Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА