Ракометарите на Работник први се изборија за место на завршниот турнир во Купот на Македонија, откако ја искористија предноста на домашниот терен и триумфираа во групата што се играше во Битола. Избраниците на тренерот Темелковски најпрвин славеа над Прилеп со 36-21, додека во вториот полуфинален меч во Битола тимот на Радовиш ја совлада Струга со 32-27.
Во дуелот на двата суперлигаши Работник во финалето беше подобар од радовишани со 28-25. Гоце Ојлески беше во главна улога со седум гола, додека пет пати меѓу стрелците се запиша Дрогришки.
Пролет славеше на дуелот со Вардар Неготино со убедливи 40-24, па во финалето од групата во „Автокоманда“ ќе игра со подобриот од мечот Металург – Вардар јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА