Работник рутински против Охрид во четвртфиналната група во Купот на Македонија

Еурофарм Работник ја оправда фаворитската улога, совладувајќи го Охрид со 39-20, во првиот натпревар од четвртфиналната група во Купот на Македонија.

Победникот беше решен уште во првото полувреме кое „фармацевтите“ го добија со 19-10. До крајот на натпреварот тренерот Стевче Алушовски им даде шанса на сите ракометари, кои без проблеми го завршија мечот за сигурна победа од 39-20.

Во финалето во четвртфиналната група, која се игра во салата „Младост“ во Битола, Еурофарм Работник ќе игра со Вардар Јуниор, кој беше подобар од Астраион со 32-24.

Се вчитува...