Ракометарите на Еурофарм Работник му се придружија на Металург, пласирајќи се на финалниот Ф4 турнир во Купот на Македонија, кој најверојатно ќе се одигра во Битола. Тие во финалниот меч од групата 3, славеа против градскиот ривал Пелистер со 27-24. Избраниците на Андон Бошковски успеаја да го надиграат Пелистер, откако претходно и двете екипи имаа релативно лесни задачи во полуфиналето против Младост Богданци и Вардар јуниор.
Работник на полувремето имаше водство од 13-11, а на стартот на вториот дел создаде и пет гола позитива (16-11), по што Пелистер немаше сили за да направи комплетен пресврт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА