Работник и Охрид ремизираа 21-21 во дерби натпреварот од второто коло во ракометната Супер-лига на Македонија.
Од ваквиот исход поразочарани можат да бидат охриѓани, кои освоија еден бод, но сигурно жалат за преостанатите два ако се знае дека имаа предност од 19-21, но потоа во последните пет и пол минути не постигнаа ниту еден погодок. Мајнов и Ојлевски беа прецизни на спротивната страна и спасија бод за „фармацевтите“ од Битола, спречувајќи домашен пораз на тимот што лани стигна до финалето во Купот на Македија.
Гоце Ојлевски со осум постигнати погодоци беше најдобар стрелец на овој натпревар, четири за Работник постигна искусниот Мајнов, додека кај охриѓани најдобри во нападот беа Блажевски со седум и Андоновски и Кљајиќ со по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА