Еурофарм Работник го декласираше Тинекс Пролет нагости со 16-30 во премиерниот меч од 9. коло во плеј-офот од ракометната Супер-лига и математички го обезбеди второто место во домашниот шампионат.
„Фармацевтите“ ја имаа контролата на играта во текот на целиот меч и во ниеден момент не им дозволија на домаќините да ја загрозат нивната победа. Уште од самиот старт тимот го контролираше мечот, и со одлична игра во одбраната и примени само седум гола на полувреме заминаа со водство од (7-15).
Во второто полувреме Битолчани продолжија да го мелат противникот, а на крајот резултатот на смеафорот изнесуваше убедливи 16-30.
Милан Ѓукиќ со 9 гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека Ојлески и Радоивќ запишаа 5 гола. Кај поразените единствен расположен беше Ласко Андоновски со 6 гола.
Со победата Работник и математички го осигура вицешампионското место, додека Тинекс Пролет во последното коло нагости против Пелистер ќе го брка четвртото место на табелата кое води во Европа следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА