Фудбалскиот аналитичар Раде Богданвоиќ го покани српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси да дојде во студиото на РТС, каде ќе разговараат за фудбалот на демократски начин.
Анализите на Богдановиќ за играта на српскиот тим и однесувањето на самиот тренер направија многу проблеми, а тој го повика Пикси на дебата.
„Бидејќи многу зборуваме за фудбал, нема ништо што не сме го кажале и анализирале, најискрено би сакал РТС да договори доаѓање на селекторот овде во студиото, да разговараме со спортски, демократски и човечки тон. Видете го Далиќ во Хрваткса. Дојде во студио и час и половина зборуваше за сите теми. Би бил многу среќен ако тоа ни го овозможат ФСС и уредникот на РТС“, рече Богдановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА