Поранешниот македонски репрезентативец Раде Стојановиќ ќе биде новиот предводник на РК Охрид во новата сезона од Суперлигата на Македонија.
Охриѓани се одлучија со промени во стручниот штаб да ја очекуваат новата ракометна сезона, па на местото на Горан Андоновски сега и официјално се очекува да биде именуван Стојановиќ.
Раде Стојановиќ досега го предводеше тимот на Металург 2 кого успеа да го внесе од Првата лига во Суперлигата на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА