Ракометниот суперлигаш Охрид стартуваше со активности. Тренерот Раде Стојановиќ го имаше првиот собир со ракометарите во СЦ „Билјанини извори“, максимално почитувајќи ги мерките и протоколите од Комисијата за заразни болести и од РФМ. Со денешната прозивка започнаа подготовките за новата сезона во Супер лига.
Охриѓани немаат големи промени во ростерот од мината сезона во која до моментот на прекинот се наоѓаа на втората позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА