Раде Стојановиќ промовиран на клупата на РК Охрид

Раде Стојановиќ е промовиран во нов тренер на ракометниот клуб Охрид, откако претходно беа договорени сите детали по кои со клубот стави потпис на едногодишен договор.

„Изразувам голема благодарност за клубот кој ми укажа доверба. За РК Охрид како клуб слушнав само добри работи. Тимот е веќе стандарден прволигаш, кој има настапи и во Европа, а целта е клубот под моето раководство да тежнее да оди по тој пат“, изјави Стојановиќ. 

Стојановиќ тренерска кариера ја почна како асистент во Металург 2 во 2017 година и како прв тренер на младинската екипа. Во трите сезони поминати кај  „металурзите“ три пати стигнуваше до титулата во националниот шампионат. Минатата сезона во финалниот натпревар од Младинската лига Стојановиќ со своите ракометари го совлада Охрид.

Подготовките за новата сезона ракометарите на Охрид ќе ги започнат во август месец.

Се вчитува...