Поранешниот тренер на струмичка Беласица, Раде Цицмиловиќ е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Тиквеш.
„По оставката на Љупчо Димитковски раководството на Тиквеш се одлучи за нов тренер да го именува, Раде Цицмиловиќ“, изјави за ЕКИПА.мк претседателот на ФК Тиквеш, Миле Масларков.
Цицмиловиќ на клупата на кавадарчани ќе го замени Љупчо Димитковски, кој поради лошите резултатит на клубот и серијата од четири натпревари без триумф, поднесе неотповиклива оставка која беше прифатена од раководството. Цицмиловиќ за задача ќе има да избори пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА